Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија започнува да гради погон за секвенционирање на геноми на Институтот за молекуларна биологија, а најави и изградба на фабрика за ПЦР тестови.

Тој во интервју за „Блиц“ рече дека за изградбата на фабриката за секвенционирање на геномот го информирале институтот за геноми во Пекинг и верува дека ќе постигнат значителни резултати до крајот на годината.

Српскиот претседател додаде дека ќе се инвестира многу во современите медицински технологии и биотехнологии.

Можам да ви кажам дека исто така ќе градиме фабрика за ПЦР тестови што ќе го реши проблемот со тестирање засекогаш, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.