Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.

Ова тој денеска го соопшти откако во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од Ковид 19 откоку што официјално било соопштено.

Србија ќе направи целосна ревизија за секоја смрт, за секое лице, да видиме како тоа изгледа. И тоа ќе го сторат клиничарите, изјви Вучиќ и додаде дека не смета дека тука ќе има многу големи разлики.

Тој порача дека државата не криела ништо и дека ќе работи транспарентно и во иднина.

Говорејќи за несовпаѓањето на податоците за бројот на смртни случаи од коронавирусот, Вучиќ кажа: “Горд сум на сите лекари, никој од нас не излажа ниту еден збор. Се слушнав со луѓето од Батут, тие велат дека имаат помалку смртни случаи”.

И министерот за здравство, Златибор Лончар, се огласи повторно денес со оценка дека „не се точни“ информациите да има три пати повеќе починати од коронавирус.

Од друга страна, денес реагира и медицинските лица од здружението „Обединети против ковид“ кои оценија дека признавањето на д-р Предраг Кон, да тој носел одлуки засновани на неточни информации е доказ дека „кризниот штаб не ја водел земјата добро низ пандемијата“ и посочија дека епидемиолозите како што е д-р Кон, кои донесуваа одлуки засновани врз неточни информации, се опасноста по нацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.