Владата на Србија на денешната седница ја „одмрзна“ цената на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст, која до денеска беше ограничена на 128,99 динари.
Со новата уредба за цената на основните прехранбени производи, ќе се укине ценовното ограничување на UHT млекото со 2,8 отсто млечни масти, но маржата на целото UHT млеко ќе биде 10 отсто, дознава Euronews.rs.
До 31 октомври се продолжува и забраната за извоз на млеко. Новата највисока цена на кристалниот шеќер ќе биде 109,99 динари за килограм. Се менува и цената на свежото пилешко месо, па килограм во иднина ќе чини 319 динари.
Потврдено е дека регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати ќе се продолжи до 31 октомври, а одлуката за забрана за извоз на дизел ќе биде укината.
Да потсетиме, Владата на Србија со уредба од 6 септември ја пропиша максималната малопродажна цена на млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст на 128,99 динари.
Со истиот пропис беше изменета и намалена максималната трговска маржа за сите видови UHT млеко од 12 на 5 отсто. Со истата одлука беше воведена и забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи до 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.