По седницата на Кризниот штаб, одлучено е да се продолжи работното време на сите угостителски објекти, трговски центри, продавници, пренесоа српските медиуми.

Работното време ќе се продолжи до 20 часот.

Кафулињата и рестораните ќе можат да работат подолго од досега, но без музика, затоа што трансмисијата на вирусот се зголемува кога луѓето зборуваат погласно, поопуштени се и доаѓа до полесно пренесуање на вирусот – наведе д-р Бранислав Тиодоровиќ, по седницата.

Оваа одлука на штабот денеска ќе стигне пред Владата, која во текот на денот може да ја усвои. Тоа значи дека новото работно време ќе може да се применува од утре.

Новите поопуштени мерки ќе важат до петок, кога има нова седница на Кризниот штаб.

За потсетување, работното време на кафулињата и рестораните, трговските центри, услужните дејности, како фризери и козметичари, како и на сите продавници освен прехранбените, засега е до 17 часот, а за викенд сите објекти се затворени.

Навистина дојде до благ пад на бројот на новозаболени, но само благ. Имаме помалку ковид заболени во болниците. Исто така, дојде и до помал број на први прегледи во ковид амбулантите. Од тие броеви ќе зависат и понатамошните одлуки – рече д-р Тиодоровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.