Најголемиот авион на „Ер Србија“, „Ербас А330“, кој вчера замина за Кина, е подготвен да се врати назад во Србија, полна со медицинска опрема и кинески медицински експерти, за на српските граѓани да им помогне во бopбaтa пpoтив кoрoнaвиpycoт, јавува Курир.рс.

Авионот веќе полетал за назад и се очекува да слета во Белград отприлика околу 20 часот. Пред полетувањето, кинеските лекари се сликале со екипажот на летот и српското знаме.

Претходно, кинескиот претседател Си Џипинг испрати писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое изразува поддршка за Србија, медицинска помош, но и помош во луѓе, односно медицински тим.

Кина е меѓу првите земји што во Србија испратиле помош во експерти и опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.