На поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи најверојатно ќе му се суди и за злосторствата во т.н „жолта куќа“, пишува „Информер“. Српските власти ги испратија доказите во Специјалниот суд во Хаг и тие ќе бидат дел од доказите против некогашниот лидер на УЧК. „Жолтата куќа“ првично не беше опфатена во обвинението.

Станува збор за докази дека Тачи бил директно задолжен за носење на српски и ромски цивили на југот на Албанија на кои им биле вадени органите им продавани на богати клиенти од Западот за големи суми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.