Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го отвори утрово Балканскиот ток, новиот гасовод кој води од бугарската до унгарската граница. Србија преку гасоводот обезбедува енергетска стабилност и безбедност, што е важно за привлекување нови инвеститори, изјави Вучиќ.

Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.

„Со овој гас обезбедуваме енергетска безбедност и добиваме можност да привлечеме дополнителни инвеститори“, рече Вучиќ, додавајќи дека треба да се сторат уште многу работи, но ова гарантира поизвесна и подобра иднина.

Името на овој проект на почетокот беше „Јужен ток“ и требаше да поминува и низ Македонија, но политичката одлука за овој проект на Русија беше негативна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.