Генералот Ратко Младиќ ќе побара од Хаг да го пушти на четри дена како би го посетил гробот на својата мајка и неодамна починатиот внук, но и гробот на својата ќерка Ана. Владата на Србија решила да издаде гаранција дека ќе го обезбедува Младиќ на својата територија и ќе го врати назад во Хаг. Направени се сите безбедносни проверки и се гарантира дека генералот ќе биде под строга контрола на надлежните служби.

Исти гаранции неодамна даде и Република Српска. Така одбраната на Ратко Младиќ би требало во понеделник да поднесе и официјално барање до судскиот совет. Процедурата е таква да пред одлуката на судот, обвинителството има рок од 10 дена да изнесе свое мислење  за ова барање. Дури после тоа Советот ќе реши дали на Младиќ ќе му биде дозволено да ги посети гробовите на најблиските.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.