Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со раководството на кинеската компанија „Синофарм“ за процесот на набавка на вакцини, за изградбата на кинеска фабрика за вакцини во Србија, како и за изградбата и опремување на болници во Србија.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, за време на состанокот потпишан е Договорот за набавка на дополнителни два милиона дози на вакцини од „Синофам“ на кој присуствувала и кинеската амбасадорка во Белград, Чен Бо.

Вучиќ посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината „Синофарм“ – се наведува во соопштението.

Претседателот на групацијата „Синофарм“, Лиу Џингжен, изјавил дека „се среќни што можат да го поддржат народот во Србија во борбата против вирусот“.

Ја цениме довербата на српските граѓани во нашиот производ – порачал Лиу.

Тема на разговорите била и изградбата, реконструкцијата и опремувањето на болниците во Србија.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во Србија досега по две дози од вакцините за корона вирусот примиле 809.626 граѓани, со што, според бројот на ревакцинирани на милион жители, Србија е прва во регионот, а втора во Европа, по Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.