Српската армија ќе добие на подарок четирите авиони „Миг-29“, од Белорусија, кои треба да бидат испорачани во следните неколку недели. Авионите се модернизирани во Белорусија, а подготовките за транспорт и примопредавање се во тек.

Со испораката на овие авиони, српското воено воздухопловство ќе ја комплетира ескадрилата на планираните вкупно 14 авиони „Миг-29“.

Авионите се добиени како донација од Белорусија, а нивното модернизирање и ремонт е направено според истиот модел според кој шест авиони од овој тип претходно пристигнале од Русија.

Истовремено со последната работа на белоруските авиони, почна третата фаза на модернизација на авионите на српското воздухопловство од ист тип, кои веќе се дел од воздухопловните сили. Станува збор за нивно технолошко надградување, но и за набавка на модерно оружје.

Со завршувањето на оваа работа, Србија ќе добие ескадрила од новата генерација, подготвена да го заштити воздушниот простор, но и да соработува со силите на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.