Соседна Србија иако е лидер во имунизација, сепак денес има повеќе од 2.600 заразени со коронавирусот.

Регистрирани 2.632 новозаболени, а 14 пациенти починале. Во последните 24 часа се тестирани 13.518 лица, а 152 пацинети се приклучени на апарати за дишење. Од почетокот на епидемијата, 431.680 лица се заразиле Ковид-19 во Србија, а 4.306 починале. Вкупно 2.824.207 лица се тестирани за коронавирус во Србија до 15 часот.

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Србија, Горан Стевановиќ, предупреди дека расте бројот на лица кои страдаат од ковид и дека поради тоа болниците во ковид центрите Батајница и Крушевац ќе работат со полн капацитет, така што другите здравствени установи ќе можат да примаат пациенти со други болести.

Стевановиќ рече дека, доколку не се смени однесувањето на граѓаните и почитувањето на постојните мерки, тие ќе размислат за нивно заострување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.