Во последните 24 часа во Србија се тестирани 22.497 лица,од кои 7.782 биле позитивни. Во истиот период починати се 69 пациенти, што е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата. Досега црниот рекорд од починати од Ковид-19 во еден ден беше 65.

На респиратор во болниците се наоѓаат 270 пациенти, а вкупно во болница се лекуваат 7.700 лица.

Епидемиологот Предраг Кон очекува следната недела да падне бројот на новозаразени, но не секаде во земјата рамномерно, затоа што вирусот различно се ширеше.

За празниците ситуацијата ќе биде тешка затоа што притисокот врз болниците ќе биде и понатаму голем. Мерките ќе бидат на сила се додека треба. Лично мислам дека не треба да бидат поостри – изјави Кон за РТС.

Членот на Кризниот штаб д-р Бранислав Тиодоровиќ очекува и следната недела да биде тешка поради метежот по продавниците на „црн петок“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.