Во страв од тоа што може да се случи со еврото, српските граѓани кои имаа заштеди побрзаа да купат недвижен имот. Во последните неколку месеци купиле 15.000 станови на грчки Халкидики.

Причината поради која во последните неколку месеци граѓаните на Србија, кои сакаа да ги вложат своите заштеди во недвижен имот, пазаруваат на северот на Грција е бидејќи цената за квадрат е пониска од онаа во Белград.

„Цената на квадрат во Солун, олимпискиот регион, на Халкидики е од 700-800 евра во предградијата до 1.800 евра на самиот Халкидики“, вели Ивана Апостоло од Атина за РТС.

Ивана Апостолу наведува дека за српските жители особено е привлечен северниот дел на Грција, кој е блиску до Солун и местата каде што традиционално летуваат.

Купувачи, додава, се претежно семејства, а најчесто се купуваат станови. За нив е важно станот да е блиску до море или барем да има поглед на море – околу 50 квадрати, да има еднен салон и една спална соба, како и една бања.

Постапката не се разликува многу кога странските државјани купуваат недвижен имот, но тешкотијата е јазикот.

Ивана Апостолу наведува дека данокот при купување недвижен имот е три отсто, а данокот што се плаќа секоја година зависи од повеќе фактори.

„Во зависност од тоа каде се наоѓа имотот, на кој кат се наоѓа и неколку други параметри – данокот е од три до седум евра за метар квадратен. Значи не е голема сума што ја одвојувате годишно. Ако имате стан од 50 квадрати ќе плаќаш данок од 150 годишно до 200 евра“, објаснува таа.

Во однос на економските проблеми и кризи во Грција, таа забележува дека земјата е во Европската унија, што на клиентите им дава уверување дека нема „да ја пуштат низ вода“ доколку нешто тргне наопаку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.