Ако продолжи медиумската хајка и линчувањето на мојот клиент, ќе бида принуден да доставам „некои материјали“, се закани адвокатот на српскиот режисер и професор Мирослав Мика Алексиќ, кому во моментов му се суди за силување, сексуално злоставување и злоупотреба.

Не сакам да работам така, но ако продолжи медиумската хајка и линчувањето на мојот клиент, ќе бидам принуден да доставам некои материјали, за да можеме да видиме како некој среќно се смее, а претходно бил злоупотребуван. Создадени се ненормални услови за објективно донесување одлуки. Притисокот од јавноста е ненормален и владее целосна колективна хистерија. Се прашувамзошто ни е судење, да го раскинеме човекот и да завршиме сè веднаш, рече адвокатот Зоран Јаковљевиќ, откако претходно го напушти сослушувањето на актерката Ива Илинчиќ во обвинителството.

Јакољeвиќ вели дека презумпцијата на невиност на Алексиќ била целосно повредена.

Како никој од тие големи, морални судии не се прашуваше за нелогичностите, како некој што преживеал страшна траума како што е силување и сè уште продолжува да оди во тоа актерско студио. Не бега, не се крие од таа проблематична ситуација, а потоа неколку години се сети да побара правна заштита, заклучи Јакољeвиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.