Над 4.500 лица биле спречени да се качат на брод кон нивната дестинација од атинското пристаниште Пиреас, поради недостиг или нецелосни документи за Ковид-19, соопшти министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со брод кон островите задолжителен е сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен резултат од ПЦР или рапид тест, а контролите ги врши крајбрежната служба на Грција.

Контролите на припадниците на крајбрежната служба се целосни и се извршуваат брзо и ефективно. Во изминатата седмица, за жал не им беше дозволено да се качат на брод на над 4.500 лица – рече Плакиотакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.