Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска тргнала на патот за излез од БиХ од кој нема враќање.

– Тие тоа ќе го направиме и нема да не запрат ниту САД ниту кој било друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународните фактори, посочи Додик.

Тој додаде дека времето ќе покаже дека РС е сериозна во таквата намера.

– Сакаме сите во РС да знаат дека дојдено е до ѕид и ние сега мора да одлучиме дали ќе прифатиме со лажни флоскули од американската и од западните амбасади да не одржуваат во некоја приказна за некои начела, а во суштина ги поткопуваат нашите права или РС ќе го направи тоа што мора, посочи Додик.

Тој повтори дека РС не може да и верува на БиХ.

– БиХ е лошо место и место на неслобода за Србите и за Српска. Ако нема договор странците да заминат од Уставен суд и да истиот биде ставен во функција како и сите други земји тогаш нема ниту БиХ. Нека го запомнат тоа, истакна Додик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.