Во последните 24 часа во Сплит и околината наврнале 120 литри дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за целиот декември, соопшти хрватскиот Државен хидрометеоролошки институт.

До пладне, пожарникарите во Сплит имале околу 20 интервенции за испумпување вода од подруми и приземја, а јужните делови на Сплит биле особено загрозени од врнежите, соопштил Сплитскиот оперативен центар.

Поради силниот ветер што создава бранови високи и до три метри на некои места, денеска, втор ден по ред, сите линии на катамарани што го поврзуваат Сплит со централните далматински острови се прекинати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.