Инспектори на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) упаднале во просториите на Централната изборна комисија на БиХ со цел да ја запленат документацијата поврзана со одбиените или неважечките ливчиња!

Лука Миладиновиќ, портпарол на СИПА, соопшти дека полицијата постапувала по барање на Обвинителството на БиХ.

Станува збор за одземање на одредена документација – изјави Миладиновиќ.

Како што објави „Новости“, станува збор за случај формиран од Обвинителството на БиХ со цел да се проверат наводите од кривичните пријави што ги доставиле Сања Вулиќ, пратеничка на СНСД во ПБиХ и група граѓани од Теслиќ, во врска со гласовите од странство.

Обвинителството на БиХ ги проверува одбиените ливчиња што пристигнале по пошта, односно од странство. Гласачките ливчиња беа прогласени за неважечки затоа што не се согласуваа со потписите на личните карти и ливчињата – вели извор близок до истрагата.

Тој објаснува дека станува збор за 17 наводни гласови, поради кои еден кандидат во Теслиќ остана без мандат.

Вулиќ до Обвинителството на БиХ поднесе извештај против претседателот на ЦИК, Жејко Бакалар и пет члена на ЦИК, во кој се наведува дека не го почитуваат законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.