Најмногу случаи на новозаразени со Ковид-19 во последните 24 часа забележа Хрватска, додека во Србија бројот на новозаразени е најмал.

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 72 нови случаи, а едно лице почина како последица на корона вирусот. Тестирани се 3.138 лица.

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора од последниот пресек направиле 545 ПЦР анализи од кои регистрирани се 116 новозаразени, а пријавени се оздравувања кај 88 пациенти.

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се 148 нови случаи на коронавирус од тестирани 1224 граѓани, а починаа три лица.

Во Хрватска се потврдени 190 нови случаи, а во моментов активно болни се 1.316 лица. Меѓу нив има 280 пациенти на болничко лекување, а од нив 23 се на респиратор. Три лица починаа како последица на новиот вирус.

Во Словенија позитивни на корона вирус се 159 лица, меѓу 1.917 спроведени тестови, додека како последица на корона вирусот починаа едно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.