Полицијата во Швајцарија уапси маж и жена, државјани на Србија, под сомнение дека убиле тригодишно девојче.

Според порталот „Блик“, таткото и маќеата на осомничениот, кои се од српска националност, повикале брза помош во петокот околу 20 часот и 20 минути бидејќи, како што изјавиле, „ќерка им не дише“.

– Сепак, за девојката беше доцна. Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт на девојчето. Во меѓувреме на адресата на сопружникот пристигнала полицијата, која по истрага ги уапсила таткото и маќеата, под сомнение дека се одговорни за смртта на девојчето – пренесуваат швајцарските медиуми.

Повреди на телото

Како што соопшти Јавното обвинителство на кантонот Гларус, обдукцијата, која била извршена во Институтот за судска медицина во Цирих, утврдила дека смртта на детето настапила „како последица на повеќекратни, тешки повреди предизвикани од тап предмет“.

– Обдукцијата не покажа дека смртта настапила како последица на гушење во храна или други предмети – се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителот Патрик Флури рече дека не сака да каже од какви повреди починало тригодишното девојче.

– Повредите беа забележливи – рече тој.

Соседот слушнал крик во станот

Една од соседите на уапсените сопружници изјавила дека постојано слушала детски врисоци од станот.

– Вечерта пред трагедијата околу 22 часот слушнав детски крик од станот. Сепак, не можев да замислам дека такво нешто ќе се случи. Од друга страна, уапсените маж и жена биле многу љубезни и пријателски расположени. Очигледно беше дека сакаат деца – рече таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.