Милован Тадиќ (33), познат како Микса, е осуден од Кривичниот суд во Белград на пет години и шест месеци затвор за нанесување тешки телесни повреди на Слободан Вукиќ во 2015 година пред ноќниот клуб „Тилт“.

Поради повредите, Вукиќ почина во болница.

Како што пишуваат српските медиуми, Тадиќ е еден од членовите на криминалната група на Вељко Беливук познат како Веља Невоља.

Тадиќ е поранешен вереник на старлетата осудена за организирање меѓународна проституција, Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, која исто така беше испрашувана поради нејзините врски со групата на Беливук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.