Сопругите на двајцата ликвидирани мафијаши , кои пред нив самите и нивните деца биле изрешетани со над 20 куршуми , во кафеана во Атина , дадоа шокантни изјави во полицијата.

Двајца напаѓачи, кои имале марами преку лицето и во еден момент испукале 20 куршуми кон двајцата црногорски мафијаши кои вечерале со своите семејаства во кафеана во Атина , додека други двајца внимавале на останатите гости. Откако ги убиле, со црн џип избегале од местото. Освен убиените двајца Црногорци, тешко е повредена и сопругата на едниот од нив. Едно од децата е однесено на психијатар поради претрпениот шок. Семејствана најмалку два пати неделно јаделе во истата кафеана. Убиените се црногорски државјани и тоа 43- годишниот Стеван Стаматовиќ и 43- годишниот словенски државјанин, роден во Црна Гора, Игор Дедовиќ. двајцата се припадници на шкаљарскиот клан,а се сомнева дека ликвидацијата ја извршиле пропадници на ривалскиот кавачки клан. Во војната на двата клана за последните шест години се убиени 40 лица. Станува збор за припасдници на црногорското подземје кои се занимаваат со шверц на огромни количества кокаин од Јужна Америка во Европа.

До неодамна, централна точка на делувањето на двете групи беше Шпанија, но шкаљарскиот клан неодамна се пресели во Грција, чија јавност, по оваа крвава пресметка, бурно реагираше, барајќи земјата да не стане депонија за пост-југословенската мафија.

Жените на ликвидираните Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ дадоа искази во грчката полиција дека не знаат кој може да стои зад убиствата на нивните сопрузи, а тврдат и дека не знаеле каде тие престојувале во Грција. Наводно, тие не се сеќавале на ништо што се случило синоќа.

Двете жени, од кои едната е повредена во пукањето во неделата попладне, кога Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ладнокрвно убиени, не дале никакви информации на полицијата за самиот напад, како и за животот што ги воделе Дедовиќ и Стаматовиќ пред пукањето.

Според грчките медиуми, тие рекле дека дошле во Грција да поминат годишни одмори со семејството. Тврделе во полицијата дека не се сеќаваат каде престојуваат и дека во кафеаната дошле со такси.

Едната од нив рекла дека таа знаела дека нејзиниот сопруг е бегалец, но и двете изјавиле дека професионалните активности на нивните сопрузи, како и нивната вмешаност во кривични работи, им се целосно непознати. Полициските службеници во Атина кај нив пронашле кредитни картички на жртвите, како и бројни клучеви и банкноти од по 500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.