Центарот на Солун утре на отворањето на 84. Меѓународен саем ќе биде вистинска тврдина. Грчките медиуми објавија дека 3.300 полицајци ќе се грижат за безбедноста во градот каде доаѓа премиерот Киријакос Мицотакис. Солунската полиција ќе добие голема поддршка и од колегите од Атина – 11 водови специјалци доаѓаат од главниот град.

Лани имаше многу инциденти во Солун, состојбата беше зовриена заради Преспанскиот договор и тогаш Атина испрати повеќе полицајци, но сега таа се справува со расчистување на ситуацијата во атинска Егзархија, упориште на анархистите и на разноразни шверцерски банди.

Многу улици во центарот на Солун ќе бидат затворени за сообраќај или ќе има забрането паркирање од денес па до понеделник. Меѓу нив и улиците Цимиски и Виа игнациа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.