Собранието на општина Цетиње денеска ја поддржа граѓанската иницијатива за враќање на манастирот Цетиње во владеење на Црногорската православна црква (ЦПЦ).

Пред неколку дена, клубовите на советниците се договорија за заклучок во кој ја поддржаа иницијативата, а денеска ја изгласаа.

Катастарот на Цетиње претходно го отфрли барањето на Митрополијата црногорско-приморска (МЦП) на СПЦ за бришење на градот Цетиње од листата на недвижности како носител на правата на сопственост врз манастирот Цетиње.

Како што е наведено во одлуката, се одбива како неосновано барањето за „исправка на погрешно регистрирано право на сопственост“ врз неколку недвижности, и за тие недвижнини како сопственик да се впише манастирот Цетиње, односно МЦП.

Владата на Црна Гора претходно одлучи, без одржување седница, да го впише манастирот Цетиње на државата Црна Гора наместо Цетиње како носител на имотните права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.