Собирите, особено во затворени и слабо проветрени простори како што се нашите домови, може да бидат прослава за вирусот, а не за нас. По празниците, сакаме да одиме напред, а не да се вратиме назад, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, повикувајќи ги граѓаните да бидат особено внимателни за празниците, јави дописничката на МИА од Атина.

-Да се ​​обидеме за Божиќ и Нова Година да бидеме со истите луѓе, најмногу со едно друго семејство. Да не си играме со нашите животи и со животите на луѓето кои ги сакаме. Треба да играме одбрана, многу повеќе сега кога доаѓа вакцината и надежта не е желба, туку видлива реалност, порача Пецас.

Истакна дека ако сите бидат претпазливи за празниците, нема да има потреба од продолжување на мерките што се во сила до 7 јануари 2021 година, но сепак, одговарајќи на новинарско прашање не ја исклучи можноста за воведување построги мерки за Нова година, доколку за Божиќ се забележи непочитување на постоечките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.