Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека прислушувањето на претседателот на државата и членовите на неговото семејство е практично државен удар.

Во интервју за Блиц, Брнабиќ рече дека не знае кој го прислушкувал српскиот претседател, Александар Вучиќ, но дека тоа е без сомнение некој што вршел висока државна функција затоа што, како што вели, никој друг нема такви капацитети.

Властите си ја вршат својата работа и јас со нетрпение очекувам да ги добијам резултатите од истрагите. Некој ги злоупотреби државните капацитети за најлоша можна цел, а тоа е, ако ги прислушкувате претседателот и членовите на неговото семејство, практично државен удар, рече српскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.