Дваесет и шестгодишна девојка во Земун била нападната и повредена со нож.

Како што објавија српските медиуми, полицијата веднаш реагирала по што бил идентификуван напаѓачот, 43-годишниот Б.Ш., по кого интензивно се трага.

Повредената девојка, Татјана П. (26) била пренесена во Ургентниот центар, но набрзо самоиницијативно ја напуштила болницата.

На местото на нападот бил пронајден нож, а мотивите ќе бидат одредени во текот на истрагата.

Татјана и Б.Ш. имале дебели полициски досиеја поради кражби, разбојништва и дрога и биле осудувани за криминални активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.