Грчката полиција искористи солзавец за да ги растури групите на демонстранти кои се собраа пред парламентот во Грција да протестираат против ратификацијата на Договорот од Преспа, пренесува „Ројтерс“.

Неколку илјади луѓе во Атина повторно се собраа на протест, а ситуацијата ескалира во 21.30 часот, кога демонстрантите тргнале кон зградата на парламентот со запалени факели, поради што полицијата мораше да искористи солзавец за да ги разбие групите.

Претходно грчките медиуми објавија и видео на кое демонстрантите го палат македонското знаме.

Тридневната дебата во грчкиот парламент завршува вечерва, а претходно е објавено дека поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, гласањето за ратификација ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.