Осумдесет и едногодишен Хрват со електрична пила ја нападнал неговата 70-годишна сопруга, ја бркал по целата куќа при што и исекол два прста. Неговата постапка ги шокирала сите во семемејството, но и соседите, кои велат дека станува збор за многу мирен човек.

Како што пишуваат хрватските медиуми, нападот се случил во селото Коритна во непосредна близина на Ѓаково. Старецот накпрво ја заклучил сопругата во собата, по што ја нападнал со електрична пила. Сведок на шокантната случка бил синот кој ја слушнал неговата мајка како вришти зад заклучената врата, по што ја обил вратата и влегол внатре. Таму го забележал неговиот очув, 81-годишниот Јожо кој со електрична пила и нанел повреди на жената. Таа бегала избезумено, со повреди на главата и на вратот, а на рацете и биле исечени два прста.

Тој успеал да го оттргне очувот од собата, по што била повикана полиција и итна помош. 70-годишната Анкица е однесена во болница и задржана на интензивно лекување, а нејзиниот сопруг е притворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.