Во Хрватска и во Србија, жителите се борат со временски непогоди, па покрај наврнатиот снег, во Хрватска на неколку места зафатија поплави и излевање на реките, а во Србија е прогласена вонредна состојба во повеќе места, поради излевање на Лим, Ибар, Нера.

Од утрово снег зафати повеќе делови од Хрватска, па така на планините расте снежната покривка. Сљеме има нови 11 см снег, или вкупно 41, на Завижан има 72 см, а во Бегов Раздољ 42 см. Снег паѓа и во Славонија и Доњи Михољац.

На југот на Хрватска има портокалово предупредување поради силен ветар.

Водостојот на реката Гацка расте петти ден, но таму не очекуваат излевање. Во Лика, укинати се мерките за предупредување од поплави, а сите патишта се проодни.

Поради обилните дождови и излевања на реките во некои делови на Србија прогласена е вонредна состојба, водостоите растат, а најкритично е во Букреш.

Од Црна Гора стигнуваат нови дотоци на вода, па реката Лим расте несопирливо, а подигнати се насипи на повеќе места, за да се заштитат имотите и населението.

Припадниците на Секоторот за вонредни состојби, „Србијавода“ и општината, обезбедуваат места, во текот на денот, каде се очекува даудри поплавниот бран.

Поради обивните дождови, Лим расте со голема брзина и во моментот е на 323 сантиметри, велат од протипожарно-спасувачката единица.

Пораснати се и притоките на Лим. Утрово од таму евакуирана е мајка со шест деца и префрлена на безбедно место.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.