Снајперската пушка од која требаше да биде убиен Александар Вучиќ е набавена во Чешка, дознава „Српски Телеграф“.

Радоје Звицер, водачот на „Кавачкиот клан“, кој има силна мрежа во таа земја, организирал смртоносното оружје легално да се купи во околината на Прага. Идејата била снајперот, расклопен на делови, да се пренесе во Бугарија, а потоа во Србија да влезе  преку граничниот премин Градина.

Овој граничен премин не е избран случајно.  Станува збор за рута која традиционално ја транспортира дрогата од Турција до Европа. Иако пушката требало да биде внесена преку Бугарија, атентаторот ќе дојде од друг правец односно од Унгарија со лажен пасош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.