Откако светските медиуми го објавија тврдењето на украинската армија дека ја заробила српската државјанка Данијела Лазовиќ попозната како „снајперистката Багира“, српското Министерство за внатрешни работи ја демантираше таквата информација.

Во секоја војна прва жртва е вистината, па во медиумите се појавија лажни вести за наводно фаќање на српската државјанка Д.Л., која, како што велат, била заробена од вооружените сили на Украина и означена како „снајперистката Багира“. Вистина е дека Д.Л., во октомври 2020 година беше уапсена и оттогаш е во КПУ Пожаревац, каде издржува шестгодишна затворска казна и затоа не може да биде заробена во Украина“ се вели во соопштението.

Исто така, посочуваме дека лицето на сликата објавена во медиумите не е Д.Л.- ‘Багира’“, се наведува во соопштението на МВР, пренесува српски Телеграф.

Претходно украинските сили објавија дека ја фатиле „снајперистката Багира“, а бројни медиуми ја пренесоа информацијата, повикувајќи се на објавите на украинската армија на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.