Апелациониот суд во Атина, кој претседаваше со судењето на членовите на „Златна зора“, повторно заседаваше за да одлучи за суспензија на некои од изречените казни за време на жалбите.

Поранешниот пратеник Илијас Касидијаријас, кој беше осуден на 13 години затвор за улогата во „Златна зора“, е меѓу присутните во судницата, јави АНА.

Со оглед на големиот број обвинети, во рок од една недела се очекува конечна судска одлука за тоа дали осуденикот ќе оди во затвор или ќе биде ослободен на апелација.

Лидерот на Златна зора и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, а во судскиот процес обвинети се 50 лица. Убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.