Во Љубљана, масовното тестирање ќе започнува денес на Конгресни плоштад, додека точните локации во другите општини ќе ги објават локалните власти.

Во прашање се брзи анагени тестови, кои сега се сметаат за еднакви на PCR-тестовите, додава СТА, а тестовите ќе бидат бесплатни и се што треба е граѓаните да понесат лична карта и здравствена книшка.

Ваквите тестови даваат резултати за 15 минути.

Министерството за здравство соопшти дека тестирањето започнува во Љубљана, Целје, Марибор, Ново Место, Нова Горица, Мурска Собора, Градец, Копер, Крањ, Велење, Птуј, Ленарт и Севница.

Се додава дека нема сите градови да почнат со тестирање во исти ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.