Владите на Германија и Словенија, постигнале договор, словенечката армија на Украина да и достави 30-40 тенкови М-84 (варијанта Т-72, ​​произведени под лиценца во Југославија), кои до неодамна беа на билансот на словенечките вооружени сили.

За возврат, Германија од своите залухи ќе и обезбеди на Словенија борбени возила „Мардер“ и оклопни транспортери на тркалата „Фукс“, објави словенечко „Дело“.

Според извори на германската агенција ДПА, во согласност со договорот, Словенија изразила желба и за помодерно оружје, вклучувајќи тенкови „Леопард 2“.

Од словенечкото Министерство за одбрана изјавиле дека не можат да коментираат за можните договори за испорака на оружје за Украина.

Во исто време, според каналот на Центарот за стратегии и анализа на оружје (CAST), од 54 тенкови М-84 во Словенија, само 13 единици биле подложени на соодветна модернизација и ремонт, додека другите тенкови се во резерва од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.