Од денеска е дозволено скијање и употреба на ски-лифтовите во словенечките скијачки центри, но само со негативен тест за корона вирус, што може да се направи на граница или во самиот ски-центар.

Како што објави словенечката Влада, скијањето ќе им биде дозволено на оние кои со себе носат негативен резултат од тест за корона вирус, не постар од 24 часа.

Донесена е и одлука од утре да се воведе можност за брзо тестирање на патниците со тестови на антиген на пет големи гранични премини со Хрватска.

Луѓето кои влегуваат во Словенија од т.н. „црвените“ зони во иднина ќе можат да влегуваат во Словенија без карантин доколку ваквото тестирање на границата покаже негативен резултат, а со овој тест ќе имаат пристап до ски-центрите.

Владата на премиерот Јанез Јанша им препорача на ски-центрите да се договорат со давателите на брзи анагени тестови за можноста за тестирање на влезот во ски-центрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.