Ригорозните мерки за запирање на социјалниот живот во Словенија остануваат на сила и следната недела, одлучи синоќа на седница владата на Јанез Јанша, бидејќи епидемиолозите проценуваат дека вториот бран на епидемијата со Ковид-19 сè уште не го достигнала својот врв.

За жал, проекциите велат дека бројот на пациенти ќе продолжи да расте, па затоа мерките се продолжуваат за уште една недела, порача премиерот Јанша на Твитер по состанокот на владата со епидемиолозите.

Трендот на раст на ширење на вирусот и бројот на хоспитализирани лица може да се сменат за седум до десет дена кога мерките одново ќе бидат преиспитани, рече премиерот.

Ако со нашето однесување ги поддржиме напорите на здравствените работници, тогаш за седум до десет дена можеме да очекуваме олеснување на мерките, рече премиерот на Словенија.

Учениците и студентите остануваат дома, тоа ќе се смета како есенски одмор

Соодветно на тоа, владата донесе одлука учениците и студентите да останат дома следната недела, што ќе се смета како есенски одмор, така што нема да има ниту настава на Интернет.

Детските градинки ќе бидат делумно отворени за вработените кои работат во важни услуги како што се вработени во здравството, пожарната служба, цивилната заштита и полицијата.

На сила се останатите ограничувања воведени неодамна заради експоненцијалниот раст на новозаразени. Па така, во Словенија е забрането движењето во групи од повеќе од шест лица, полициски час во текот на ноќта и забрана за напуштање на општините каде се престојува остануваат во сила.

Исклучоци се прават единствено при одење на работа и слични обврски за кои пред полициските проверки треба да се приложи документ – потврда за движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.