Словенечката влада донесе одлука за воведување 11-дневен карантин во земјата од 1 април, со цел да им се помогне на болниците со очекуваниот наплив на пациенти со ковид-19. Словенија се соочи со зголемување на бројот на заразени поради ширењето на британскиот сој на коронавирусот.

Запирањето на јавниот живот ќе биде кратко. На 12 април, рестрикциите ќе бидат олеснети-  изјави премиерот Јанез Јанша.

Опишувајќи ја ситуацијата како трка со времето, Јанша кажа дека јавната администрација ќе работи од дома и ги повика приватните бизниси да го направат истото ако се во можност. Се затвораат и сите несуштински продавници и услуги, а училиштата се префрлуваат на онлајн настава. Ќе бидат забранети сите собири со повеќе од десет луѓе, а граѓаните нема да смеат да патуваат надвор од своето место на живеење.

Министерот за здравство Јанез Поклукар изјави дека носењето маска ќе биде задолжително на сите јавни простори каде што не може да се држи растојание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.