Eпидемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупредуваат епидемиолози од Словенија. Тие велат дека некои ограничувања ќе останат на сила и во летото. Епидемиологот Ирена Грмек Кошник од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) изјави дека и понатаму ќе биде задолжително да се носат маски и основните антиепидемиски хигиенски мерки ќе останат да важат, а во многу случаи ќе треба и потврда за имунитет за одредени настани или преминување на границата.
Таа потсети дека епидемијата на Ковид-19 е прогласена во Словенија минатата година кога имало 140 пациенти за еден ден, а помалку хоспитализирани во болниците отколку што е случајот сега. Според податоците кои владата ги објави денеска од 3.558 направени ПЦР-тестови во Словенија се потврдени 326 новозаразени во последните 24 часа, а во моментот се хоспитализирани 300 ковид-пациенти, додека три лица починале.
Се очекува дневниот просек на заразени да падне на помалку од 300 на почетокот на следната недела, што значи дека државата по долго време ќе влезе во „зелена“ фаза. Во регионот се олабавуваат мерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.