Министерот за култура во Владата на Република Словенија Дејан Прешичек поднесе оставка по обвинувањата за мобинг.

Прешичек неодамна се најде на удар во медиумите по обвинувањата за мобинг во Министерството за култура, а целата приказна кулминираше со самоубиство на еден вработен.

Според словенечките медиуми, човекот кој извршил самоубиство е татко на три деца, боледувал од рак и постојано се жалел дека му се врши притисок од министерот и неговите најблиски соработници.

Министерот во оставка ги отфрли обвинувањата за мобинг, но признал дека го користел службениот автомобил за приватни цели, за што исто беше обвинет.

Во писмото до премиерот Марјан Шарец министерот Прешичек пишува дека неоправдано бил изложен на јавен линч и дека тој не е човек без чувства, како што го претставиле медиумите.

И покрај сѐ, РТ Словенија неофицијално извести вчера дека премиерот нема да ја прифати оставката на својот министер.

Дејан Прешичек, министер за култура на Словенија, скасафонист и професор по музика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.