Од понеделник повторно стартува јавниот превоз во Словенија, а граѓаните во автобусите ќе можат да се возат само доколку носат заштитна маска.

Дополнително патниците ќе треба да бидат на меѓусебна оддалеченост од еден и пол метер, односно ќе мора да се почитува физичката дистанца, порача министерот за инфраструктура Јернеј Вртовец.

Според новите правила, влезот во автобусите ќе биде исклучиво од задната врата, а по секој работен ден возилото ќе мора комплетно да се дезинфицира и исчисти.

– Епидемијата не е завршена, а се уште нема вакцина ни лек. Поради овие причини употребата на јавниот превоз ќе биде можен само со почитување на насоките дадени од здравствените власти, изјави Вртовец.

Министерот кажа и дека во секој автобус ќе биде монтирано средство за дезинфекција на раце, кое граѓаните ќе мораат да го употребуваат при влегувањето на возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.