Еден ден по отпочнувањето на дијалогот на дел од опозицијата со власта со посредство на европратениците за изборните услови во Србија, во кои едно од барањата е доделување бесплатна национална фреквенција што постои, на телевизија која професионално ќе ја врши својата работа, стана камен на сопнување и за власта и за опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Коментирајќи го барањето на блокот опозициони партии околу Партијата на слободата и правдата (ССП) на Драган Ѓилас и Заедно за Србија на Небојша Зеленовиќ, за доделување слободна национална ТВ фреквенција, Вучиќ денеска изјави дека тоа говори дека „некои луѓе политиката ја доживуваат како бизнис за крадење од каде можат да извлечат десетици и стотици милиони евра преку секунди од реклами и серии”.

-Кога тие беа на власт, вие ги имавте РТС, таканаречениот јавен сервис, Пинк, Хепи, Б92 и ТВ Прва со национални фреквенции. Им даваа фреквенции и сега изгледа се жалат на сопствените одлуки. Ви благодарам што кажавте дека тајкуните ги поддржуваа тајкуните, тогаш Жељко Митровиќ и Пецони (сопственикот на Хепи) беа прекрасни, а сега се чини дека веќе не се прекрасни, рече Вучиќ.

Од блокот опозициски партии кои отидоа на преговори со европратениците, кои ги сочинуваат ССП, Демократската странка, ПСГ, Заедно за Србија, Да не го давиме Белград, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, претседателот на ДС, Зоран Лутовац за весникот Данас изјави дека ваквиот став на Вучиќ во врска со нивното барање покажува дека „Вучиќ го проектира“ својот пристап до медиумите.

– Вучиќ им овозможи на своите тајкуни да ги окупираат националните фреквенции со државни пари, па затоа смета дека сите други политичари го прават истото. Тој не го штити и не го разбира јавниот интерес, туку само неговиот личен и интересот на владејачката каста што ја создаде. Технологијата што се користи за одржување на оваа каста на власт, се базира, пред сè, на брутална пропаганда и сузбивање на какво било објективно и критичко мислење. Зачувувањето на медиумскиот мрак е единствениот начин на Вучиќ да преживее на власт, за што е свесен. Затоа така реагираше на целосно легитимното барање за доделување на преостанатата бесплатна национална фреквенција на телевизија што може вистински и објективно да ја информира јавноста, изјави Лутовац.

Опозицискиот блок околу Борис Тадиќ, кој се состои од СДС, Нова странка, Граѓанскиот демократски форум (ГДФ), Влашката странка, Унгарската странка, Движењето 1 од 5 милиони, Нова Србија и КЛИП, кои исто беа на разговори со делегацијата на ЕП, не го споделува мислењето за доделување слободна национална ТВ фреквенција.

Професорот Раде Вељановски, потпретседател на ГДФ и експерт за медиуми, за Данас објасни дека платформата на која тој и припаѓа не ја поддржува оваа идеја затоа што не може да им се верува на властите дека ќе ја доделат фреквенцијата на независен медиум.

-Тоа барање е едно од најлошите барања на опозицијата. Неописливо и непромислено е и говори дека групацијата што го предложила не ја знае проблематиката за електронските медиуми. Денес, да се побара испразнети фреквенции да се стават на конкурс, што практично ќе значи шанса РЕМ да донесе одлука за распределба на фреквенции, што мислите за кого? Веројатно повторно на сопственикот на Пинк, Хепи, Коперникус, оцени Вељановски. о

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.