Има таков народ на Слави Трифонов ја отфрли поканата на ГЕРБ-СДС за разговори за новиот состав на бугарската влада. Според најавите и писмото што го испрати коалицијата на премиерот во оставка, Бојко Борисов, претставниците на двете партии требаше да ги почнат разговорите точно напладне по бугарско време, пишува софиски Факти.

Тошко Иванов од Има таков народ на добиеното писмо одговорил:

-Уште пред конституирањето на новиот состав на парламентот, Има таков народ јасно изјави дека нема да учествува во разговори со партии, што ја претставуваа досегашната влада на државата. За нас ГЕРБ е основен симбол за статусквото и исклучено е да разговараме за каква било влада, што ќе ја предложат претставниците на таа партија. Затоа, сосема природно го откажуваме вашиот предлог за консултации.

Со ова, ГЕРБ-СДС не можат да обезбедат парламентарно мнозинство и да состават нов владин кабинет.

-Мандатот ќе го вратиме уште денеска, изјави пратеникот од ГЕРБ, Тома Биков.

Откако ГЕРБ ќе го врати мандатот на потег одново ќе биде претседателот Румен Радев, кој ќе треба сега да му го врачи на Има таков народ. Според уставот, претседателот нема рок до кога треба тоа да го стори, но според неговите изјави, тој нема да одлоговлекува со постапката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.