Романската погранична полиција открила 22 илегални мигранти скриени во посебни прегради во три камиони. Мигрантите се од Авганистан, Сирија, Либан, Турција и Ирак.

Седуммина мигранти од Ирак, на возраст од 16 до 26 години, биле откриени во камион кој го возел државјанин на Романија на граничниот премин Надлак 2 со Унгарија.

На истиот граничен премин, но во друг камион биле откриени петмина мигранти од Турција и Ирак.

На преминот РТФ Борс 2 во камион со полски регистарски таблички, што го возел државјанин на Белорусија биле откриени 10 мигранти од Авганистан, Сирија и Либан, кои барале азил во Романија.

Во сите случаи полицијата истражува дали возачите на камиони се вмешани во криумчарење луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.