Во Словенија се потврдени 24 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број инфицирани сега е 1.022.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во изминатите 24 часа се тестирани 489 лица, со што вкупниот број е речиси 30.000.

Поради Ковид-19 хоспитализирани вкупно 114 пациенти, а на одделот на интензивна нега се лекуваат 30 луѓе.

Последното деноноќие две лица починаа како последица на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.