Млад човек од Бања Лука на 28 години бил сериозно повреден додека скијал на ски-центарот на Козара и неговиот живот е во опасност.

Како што обајви порталот „Српскаинфо“, младиот човек бил на ноќно скијање со своите пријатели во во вторникот вечерта, а трагедијата се случила кога ски-лифтот престанал да работи.

Момчето беше речиси на дното од патеката кога жичарата престана да работи. Тој почна да се искачува кон врвот на патеката и во тој момент ратракот, односно машината за рамнење на снегот, почна да ја прави патеката – раскажува извор за „Српскаинфо“.

Човекот го замолил возачот на ратракот да го однесе на врвот на патеката, по што тој се качил на машината.

Додека тие се искачуваа кон врвот, делот каде што седеше младиот човек распука и тој падна под ваљаците на ратракот. Во таа прилика тој се здоби со многу тешки и опасни по живот повреди. Во моментов тој се наоѓа во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска – пишува „Српскаинфо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.