На грчкиот остров Самос вчера беше уапсен, а денеска изведен пред истражен судија во Атина, 38-годишен тренер по едрење за кој постојат обвинувања и пријава дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче, јави дописничката на МИА од Атина.

Случајот го откри поранешната грчка олимписка шампионка во едрење Софиа Бекатору, која и самата, како што јавно говореше, била жртва на сексуално насилство пред 23 години.

За време на исказот пред јавен обвинител, рекла дека нејзиниот, не е и единствен случај поврзан со Грчката едриличарска федерација и по согласност, од сега веќе 20 годишната спортистка, доставила информации за новиот случај.

Потоа следела пријава и од девојката и од нејзините родители.

Обвинетиот 38-годишен, говорејќи за грчките медиуми, ги отфрли обвинувањата, тврдеше дека не станува збор за сексуална злоупотреба или силување, бидејќи со тогаш малолетното девојче, а сега 20 годишната, биле во врска, но не кога таа имала 11 години, туку неколку години подоцна, а планирале дури и брак.

Според грчките медиуми, тренерот, кривично ќе одговара за три дела континуирано силување, континуирана злоупотреба на малолетно лице и сексуална злоупотреба, а денеска добил време до четврток да ја подготви неговата одбрана

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.