Бугарија била администратор, а не окупатор на Грција и Македонија и не било можно да се спасат Евреи со туѓо, небугарско државјанство, изјави на одбележувањето на „Денот на спасувањето на бугарските Евреи“, новинарот Иво Иванов од софиски „Труд“, пренесува Пресинг ТВ.

Тој најави дека многу брзо ќе бидат објавени документи за сторени манипулации.

Имаме доказен материјал како во 70-тите години на минатиот век во архивите во Софија доаѓале германски манипулатори и потоа фалсификувале фотографии за „депортацијата“ на Евреите од Беломорска Тракија и Вардарска Македонија, со кои „докажуваат“ некаква бугарска вина за не спасувањето на 11.000 Евреи. Никој и никаде денес не ги покажува оригиналите! На фотографиите се гледаат германски вагони и како одозгора во фотолабораторија се копирани написи „БДЖ“.

Чудно е што претседателот Желев ги покажуваше низ светот тие обработени фотографии и така го засили чувството за некаква наша бугарска вина дека не сме ги спасиле Евреите од Грција и Македонија, изјави Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.