На социјалните мрежи се појави видео од Србија, во кое се слуша како еден патник во автобусот им вели на другите патници, кои се мигранти, „дека треба да бидат убиени“ и дека заслужуваат куршум во главата.

„Надвор, надвор, надвор. Ајде, Раус, марширај. „Добитокот надвор“ – извикува човекот, додека мигрантите излегуваа од автобусот еден по еден во колона.

Тие залудно прашуваат „што направиле“, но наместо да одговор, добиваат уште пострашна порака.

М70 и куршум во главата. Сите треба да ве убијат. Ќе научиш српски само кога ќе те застрелам во таа црна глава. Јас и служев на оваа земја, дадов заклетва. Да имав оружје сега, ќе ве убиев – продолжува патникот, кој во меѓувреме доби поддршка од возачот дека е во право.

Како што пишува Нова.рс, некои Срби очигледно не слушнале за солидарност и емпатија, па знаат само да ги насочат своите ограничувања и стравови со навреди и закани кон другите, што го покажува најновото видео од социјалните мрежи.

Со години граѓаните на Србија се огорчени поради проблемот со мигрантите, кои на пат кон Западна Европа, треба да минат низ нивната земја и некое време таму да престојуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.