Сите позитивни пациенти на Ковид-19 ќе бидат лекувани во болници, оние без симптоми или со блага клиничка слика во привремените болници, а тие со потешка клиничка слика во Ковид-болниците, одлучи српската Влада.

„Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут” проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување во домашни услови“, соопшти српското Министерство за здравство.

До сега, пациенти кои немаа симптоми на болеста или имаа лесна клиничка слика беа третирани дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.